Демиркапиец се изгубил на Кожуф, го пронашле полицајци,пожарникари и граѓани

Објавено на 21 ноември, 2023 во 16:58

Во Полициската канцеларија Демир Капија, вчера вечер М.Ц. пријавила дека  нејзиниот брат Ј.К.(31) од село Дрен, Демир Капија се упатил кон планината Кожуф и не се јавувал на телефонските повици.

Полициски службеници од Демир Капија, група граѓани и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Неготино извршиле пребарување на теренот и во 20:45 часот Ј.К. е пронајден и предаден на семејството.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.