Драма на велешка улица: Насилник тепал малолетничка, се заканувал со металните предмети а полицајците предупредувачки пукале од пиштол во воздух

Велешанецот Е.Х.(25), вчера, доцна попладне, во 18:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27 годишна сопруга дошла на местото на настанот таа добила закани од напаѓачот.
– Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи остри предмети, му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите. С.У. повторно се оглушил на наредбата, продолжил да се движи кон полициските службеници,па бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство. Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. во бегство го фрлил и другиот предмет. Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
