Два ЦТГ апарати од компанијата „Маркарт Македонија“ за Одделение за гинекологија и акушерство на велешка Општа болница

Објавено на 8 мај, 2025 во 11:40

Двата ЦТГ апарати поточно кардиотокограф – фетал монитор, вчера и се официјално предадени од страна на Генералниот менаџер на компанијата „Маркард Македонија“ на Општа болница Велес. Медицинските апарати се наменети за Одделението за гинекологија и акушерство за да овозможуваат подобрување на квалитетот на здравствената заштита на трудниците и новороденчињата.    

-Апаратите, во вкупна вредност од 200.704,00 денари, ќе се користат за редовно следење на срцева фреквенција на фетусот и контркциите на матка, се со цел да овозможи побрза, поквалитетна и посигурна перинатална грижа, рече началничката на Одделение за гинекологија и акушерство д-р специјалист Силвија Богоевска.

Оваа е само една од повеќето досега реализирани донации на „Маркард Македонија“.

-Одлуката за доделување на јубилејната донација на Одделението за гинекологија и акушерство на Општа болница Велес ја донесе менаџментот на нашата компанија во Македонија. За „Маркард групацијата“ и за компанијата  „Маркард Македонија“ оваа, 2025 година, година е на одбележување на два значајни јубилеји. Поточно 10 години постоење на компанијата во Македонија и 100 години на групацијата. Тоа е нашиот повод за донација која што сметаме дека ја дониравме на локална институција која е од особено значење како за локалната заедница така и за граѓаните на Велес, рече Елена Талеска Џалева асистент на Генерален менаџер, маркетинг и ПР на „Маркард Македонија“.

Одделението за гинекологија и акушерство од денеска започна да ги користи двата ЦТГ апарати.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.