Два физички напади во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата, тројца мажи нападнале кавадрчанец

Сектор за внатрешни работи Велес во дневниот билтен соопшти дека во Кавадарци се пријавени два физички напади. Првиот бил пријавен вчера, во 22:30 часот, поточно полициски службеници го лишеле од слобода четириесет и четири годишниот Р.С од Кавадарци којшто во семејниот дом физички ја нападнал неговата четири години помлада сопруга.
Половина час по полноќ пак бил пријавен уште еден физички напад врз четириесет и шест годишниот кавадарчанец А.К. Како што информираат од СВР Велес, 10 години помладиот Н.А од Кавадарци заедно со уште две лица во село Ваташа, кавадарчеко, физички го нападнале А.К.
За првиот случај известен е јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека за вториот случај се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Дума.мк
