Двајца новозаболени од ковид-19 во Велес
Објавено на 5 август, 2021 во 16:03
Два нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти министерството за здравство. Тие засега не се најавени за болничко лекување во Општа болница Велес.
Според портпаролката на болницата Д-р Елеонора Јовановска, најверојатно станува збор за заболени граѓани со полесни симптоми бидејќи од страна на матичните лекари за нив не е побарано да бидат сместени на Инфективно одделение. Таму засега се лекува само еден ковид пациент чиешто здравствена состојба е стабилна.
Со денеска регистрираните два нови случаи на ковид-19 бројот на заболени и активни случаи во Велес изнесува вкупно пет лица.
Убавка Јаневска