Двајца велешани изработувале фалсификувани пари, се обиделе да купат производи од пазар
Дваесет годишниот Д.Р и една година повозрасниот В.М од Велес, вчера, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес. Тие на пазарот во Велес, со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, се обиделе да купат производи, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција.
-Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Тие во службен разговор во полициска станица го признале делото и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк