Двајца Велешани, првиот приведен во Велес а вториот во Неготино, за издржување затворски казни
Објавено: 22 јануари, 2026, во 14:01 часот
Четириесет и пет годишниот З.Д од Велес е приведен вчера во 11:25 часот во Велес од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес по распишана потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес. Тој се барал за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.
Триесет и пет минути подоцна вториот Велешанец Џ.Н (33) го привеле во Неготино, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Двајцата приведени спроведени се во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казните по судски пресуди.
Убавка Јаневска


