Еден маж лишен од слобода и втор пријавен за тепачка во Кавадарци

Објавено на 10 декември, 2021 во 17:23
Фото: Полициска станица Кавадарци

Полициски службеници од Полициска станица Кавадарци,  вчера вечер, во 22:35 часот,  на ул: „Смаилица“ во Кавадарци,  го лишиле од слобода  М.К.(40) од Кавадарци. Полицијата при претес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронашла и одземала кафеава прашкаста материја.

-Четириесет годишниот маж бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Во Кавадарци, вчера, околу 11:30 часот, се случила и тепачка. Неа ја пријавил натепаниот И.Т (54) кој на полициските службеници им изјавил дека на улица „Северен булевар“ физички бил нападнат од П.А.(48).

Полицијата најави дека по целосно документирање  на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.