Еден осомничен за кражба, втор велешанец лишен од слобода за тепање на жена, демиркапиец за тепање дете а кавадарчанка за мајка

Дваесет годишниот А.Р од Велес е осомничен за тешка кражба, којашто ја извршил во домот на Б.К од Велес, кога одзел повеќе предмети. Крадецот ја сторил кражбата во куќа на улицата .„Цветан Димов“, во март, годинава, помеѓу 22-ти и 30-ти. По пријавата постапиле полициски службеници на Полициска станица Велес кои ги пронашле и му ги вратиле украдените предмети на сопственикот. Полицијата му поднесе кривична пријава на осомничениот крадец за „тешка кражба“.
Вчера, доцна попладне, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода Г.Д.(47) од Велес затоа што околу 18.30 часот, по кратка вербална расправија, физички ја нападнал неговата сопруга. Пријава за физички напад во текот на вчерашниот ден регистрира и Одделение за внатрешни работи Неготино. Полициски службеници го лишиле од слобода А.Т.(43) од Демир Капија затоа што во семејниот дом во Демир Капија физички го нападнал неговиот малолетен син. Исто така, во вчерашниот ден, лишена од слобода е и В.Г.М.(31) од Кавадарци затоа што, по кратка вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнала нејзината мајка.
-Лицата се приведени во полициските станици во Велес, во Неготино и во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска.
