Една улична светилка е причина за целосна темнина на фреквентната улица „Никола Оровчанов“, кај игралиштето под Железен Мост

Објавено на 10 јуни, 2025 во 16:35

Не свети само една сијалица на уличен столб, на спој на улиците „Никола Оровчанов“ и Благој Нечев“, што се наоѓа на аголот кон игралиштето на ОСУ „Јовче Тесличков“ и реконструираното спортско игралиште под Железен Мост. Сијалиците на сите останати столбови, на овие две улици, во велешката населба Дворови променети се и светат. Темнината во вечерните и ноќни часови им преставува проблем на сопственик на куќа до самиот уличен столб, кој живее сам и во целосен мрак, на соседите како и на граѓаните од околината кои минат под Тунелот. Голем е бројот и на граѓани, чии возила, во попладневните и ноќни часови, се паркирани на спортското игралите на средното економско училиште.

Низ темнината што владее само на овој простор, пред тунелот, мора да минат сите жители од долниот дел на „Благој Нечев“. Низ неа се пробиваат и граѓани од разни делови на Велес за да стигнат до спортските терени под Железен Мост. Нивниот број не е мал бидејќи тоа место е многу посетувано, особено во попладневните и вечерни часови.

Фото: Дел од соседната улица до тунелот

Граѓаните побараа и Дума.мк испрати прашања до Општина Велес, која што во моментов ги променува уличните светилки низ градот, за проблемот на овие граѓани од последните куќи на улица „Никола Оровчанов“. На посочениот столб не светеше светилката скоро цела зима поточно и пред промената со новите.

Денеска, при директна комуникација со општинското одделение, задолжено за следење на состојбата со градското улично осветлување дознавме дека не треба да биде пропуштен ниту еден уличен столб на кој се менува сијалица. Оттаму додадоа дека ќе излезат на лице место, ќе ја проверат состојбата и ќе соопштат за што конкретно станува збор.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.