Една жена и тројца мажи е билансот на денешните повредени на работа и во сообраќајни незгоди во Велес како и на автопатот кон Градско
Жена, денеска, се повредила на работното место во велешка компанија. Таа се здобила со фрактура на колк. Жената задржа е на лекување на Оддел за ортопедија во Општа болница Велес. Неа и е потребен оперативен третман.
Според портпаролката на болницата, д-р Елеонора Јовановска, во сообраќајната незгода во велешката населба Долни Дуќани полесно повреден е маж на 64 годишна возраст. По прегледите сепак е задржан на болничко лекување на Одделот за хирушки болести поради опсервација од страна на лекарите.
Во сообраќајната несреќа на автопатот Велес – Градско повредени се две лица. Двајцата се мажи. Првиот на 70 годишна возраст се здобил со фрактура на подлактица и подколеница и вториот повреден се здобил со полесни телесни повреди. Повредените мажи се задржани на лекување во велешка болница.
Убавка Јаневска