Една жена се здобила со тешки повреди во сообраќајка на регионален пат Кавадарци – Росоман

Објавено на 14 јуни, 2025 во 12:49

На регионалниот патот Кавадарци -Росоман,  во близина на стопански објект, вчера, во 15:00 часот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (40) од Кавадарци и патничко возило „Фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Б.(31) од село Трстеник, општина Росоман.

-Во несреќата сопатничката од возилото „опел“ П.Д. (42) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, и потоа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за натамошно лекување, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди. За настанот бил известен надлежен Јавен обвинител, и увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.