Едно семејно насилство и едно вознемирување на жена во изминатите 24 часа

Објавено: 6 јуни, 2026, во 15:10 часот

И.Н од Чашка е лишен од слобода за ќотек на неговата две години постара сопруга додека М.Ј од Велес телефонски ја малтретирал неговата брачна партнерка, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. И двете пријави на малтретираните жени се од вчера вечер.

„На 05.06.2026 во 23:50 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2026 во 19:30 часот во СВР Велес, 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј.(41) од Велес, не го почитувал решението од Основен суд Велес, односно и се јавувал на телефон и ја вознемирувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ ингормираа од СВР Велес

Д.И

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.