Едукативно предавање за доењето во ЈЗУ Општа Болница Велес: „Здраво бебе, среќна мајка“

Во просториите на ЈЗУ Општа Болница Велес се одржа едукативно предавање под мотото „Здраво бебе, среќна мајка: Важно едукативно предавање за доењето“ посветено на значењето на доењето за здравјето на новороденчињата и нивните мајки.

Предавањето го водеше Проф. д-р Марина Поп Лазарева, која со присутните сподели корисни информации, научно потврдени факти и практични совети поврзани со доењето. Таа ја истакна непроценливата улога на мајчиното млеко во правилниот развој на бебето, како и придобивките кои ги има и самата мајка при доењето, и на физички и на емоционален план.

Настанот беше организиран со цел едукација и подигање на свеста за важноста на доењето, како дел од пошироките напори за унапредување на јавното здравје и поддршка на младите родители во нивната нова животна улога.
Стефани Манева
