Екстракорпорална ирадијација и реимплантација на коска кај пациентка со малиген тумор на надколеница, втор пат, изведена на Клиника за ортопедија во Скопје
Клиниката за Ортопедски болести во Скопје, изведе втората по ред оперативна интервенција, на седум годишна пациентка за отстранување на малиген тумор на коска (Ewing sarcoma) или надколената коска, екстракорпорална ирадијација (надворешно зрачење на коската) и повторна реимплантација (односно враќање на коската кај пациентот). Оперативниот зафат беше изведен на 15 август.
„Пациентката е во добра општа состојба со можност да се продолжи понатамошното лекување, а резултатите од оперативната интервенција се задоволителни,“ соопштија од Клиниката.
Тимот што ја изведе операцијата го предводеше Проф. Д-р Милан Самарџиски раководител на Клиниката за Ортопедски болести и раководител на одделот за мускулоскелетна онкологија, додека пак анестезиолошкиот тим за оваа комплексна интервенција го предводеше Проф. Д-р. Јасминка Нанчева, заедно со спец. др. Марина Темелковска и сестра Злата Апостоловска. Во тимот учествуваа Доц. Д-р. Никола Граматниковски (спец. по кардиоваскуларна хирургија) спец. др. Златко Алексовски од Клиниката за детска хирургија, Др. Мики Ѓорески, Др. Муслија Адемоски и др. Сања Ѓориќ. Во тимот на инструментарки беа Биљана Тројановиќ, Кристина Реџеп и Ивана Танев, рентген техничар – Крешник Шеху.
Предоперативната радиодијагностика ја спроведоа спец. Др. Ивана Панчевска и Доц.д-р Петар Јаневски. Онколошкиот третман го водеше Проф. Д-р. Светлана Кочева од Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје. Од Институтот за патологија учествуваа Проф. Д-р Славица Костадинова – Куновска (раководител на институтот) и Др. Тамара Ангеловска.
Тимот од Клиниката за онкологија и радиотерапија, Тим на медицински физичари кои учествуваа во подготовка и озрачување на коската беше составен од доц. д-р Душко Лукарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика), Александар Атевиќ (специјалист по медицинска нуклеарна физика) Милена Теодосиевска Дилиндарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика).
Оваа интервенција во нашата држава за прв пат, пред три месеци, беше изведена на Клиниката за Ортопедски болести и претставува нова метода воведена за третман на пациенти со малигни коскени тумори.
„Во наредниот период ќе следуваат и други новитети во однос на хируршкиот третман на онколошките пациенти, со враќањето на Др. Теодора Тодорова, која што ја иницираше и самата идеја за методата по завршеното шест месечно стручно усовршување (fellowship програма) во областа на ортопедската онкологија во Клиниката ЛКХ во Грац, Австрија, на одделот за мускулоскелетна онкологија,“ додаваат од клиниката.
На Клиниката за Ортопедски болести континуирано функционира и комисијата за мускулоскелетни тумори т.н. „Саркома конзилиум” во која што учествуваат специјалисти од повеќе области, а со цел навремена дијагностика и оптимален третман на пациентите со тумори на коските и меките ткива.
Со примената на оваа метода и воведувањето на нови, целта е да се намали бројот на пациенти што се лекуваат во странство, а воедно на пациентите да им станат достапни за лекување најсовремените методи од областа.
Др. Теодора Тодорова е велешанка за чие стручно усовршување и учество во првата операција Дума.мк веќе пишуваше.
Дума.мк