Фолклорните друштва од ИФФ 2022 во посета на Општина Велес
Гостите учесници на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2022, денеска, облечени во своите шарени носии, биле во посета на Општина Велес. Градоначалникот Марко Колев, им се заблагорил за нивното учество на фестивалот, нивните прекрасни настапи со коишто ја развеселија велешката публика, вчеравечер, на првата фестивалска вечер во Амфитеатарот на Младински парк.
-Искрено се заблагодарувам за вашите одлични настапи кои предизвикаа бура од емоции кај многубројната публика. Посакувам да имате убав престој во наредните денови од фестивалот и да понесете убави спомени од нашиот град. Културата е многу важна за развојот на градот и затоа треба постојано да ја негуваме, додаде Колев.
Исто така, голема благодарност изразиле и преставниците на фолклорните групи од Србија, Турција, Словачка, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија, пред се за поканата на ИФФ 2022, потоа и на топлото добредојде од страна на велешани.
Затоа,вечерва, дојдете да ја проследите и втората фестивалска вечер, со почеток во 20:30 часот, во амфитеатарот на Младински парк и уживајте во играта и песната на нашите домаќини и гости.
Стефани Манева