(фото и видео) Попов: Чекорејќи по патот на иднината бидете горди што сте или сте биле ученици на најстарата Гимназија во Македонија
Денот на патрониот празник на Гимназијата „Кочо Рацин“ е значаен како за учениците и наставниците но така и за и за Велес градот на Гемиџиите, градот на Џинот и Рацин. Градот којшто е лулка на културата којшто денес слави 166 години гимназиско образование и 115 години од раѓањето на бесмртниот Коста Солев Рацин, рече во своето обраќање пред присутните директорот Иле Попов на свеченоста по повод патрониот празник на Гимназија „Кочо Рацин“.
Свеченоста започна со видео проекција составена од стари фотографии на кои беа прикажани делови од градот, додека ученици на училиштето читаа необјавени стихови од творештвото на патронот Коста Солев Рацин. Потоа следеше изведбата на училишната и химната на градот Велес од страна на училишниот оркестар и хорот на гимназијата.
За облежувањето на 115 години од рагаѓњето на Кочо Рацин и 166 години гимназиско образование, учениците ја одиграа театарска претстава „12-тата ноќ“ во режија на Ненад Витанов од велешки Театар „Џинот“, поранешен ученик во ова средно велешко училиште. Претставата е работена според текст на Вилијам Шекспир, поточно комедијата „12-тата ноќ“, полна со љубовни заплети и интигри кои се дел од драмската игра. Претставата изобилуваше со голем број на музички изведби на ученици како и поддршка на училишниот оркестар. Претставата има и менторска поддршка од страна на професорките по македонски јазик и литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова. Ментор на оркестарот и хорот на гимназијата беше професорот Атанас Зафиров.
За реализацијата на претставата, исто така, голем е бројот на гимназијалци коишто беа техничка, уметничка и графичка поддршка.
По завршувањето на театарската претстава присутните голем број на ученици, пензионрани и сегашни наставници, родители на гимназијалците, директори на училишта и локални институции, членовите на Советот на Општина Велес, претседателот на Советот Зоран Љутков и градоначалникот Марко Колев, имаа можнот проследат и ликовната поставка насловена „Пред синови мугри“ изработена од ученици и поставена во фоајето на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Убавка Јаневска