Фото вест: Жед за вода
Објавено: 24 април, 2026, во 10:34 часот
Наутро, додека Велес се буди, доколку брзате кон работното место или сте тргнале на првите набавки неизбежна глетка на и околу фонтаната на плоштад „Сармаале“ се овие гулаби кои ја гаснат жетта за вода. Во некои денови ќе ги затекнете и во поголемо јато како што беа и пред вклучувањето на фотографскиот апарат на Дума.мк. Меѓу нив имаше и неколку ластовички кои веќе се пристигнати во градот.

Но со приближувањето на фоторепортерот дел од нив веќе беа високо на небото над јаворот. Дел од нив најверојатно се напија вода а дел можеби и не.

Како случајни минувачи сепак граѓаните можат да уживаат во слободниот лет на овие птици кои барем засега не сме успеале да регистрираме дека некој ги прихранува како што тоа до скоро со пченица во раце го правеше секој ден, велешанецот Јове се до неговото заминување во вечното почивалиште.
Дума.мк




