(фото) Во Велес се одржа работилница за улогата на граѓанските организации во евроинтеграциите

Објавено на 13 јуни, 2025 во 14:04

Во просториите на Јуроп Хаус во Велес, денеска се одржа тематска работилница на тема „Улогата на граѓанското општество и локалните институции во процесот на пристапување кон ЕУ“, организирана од АДРР СОНЦЕ, Лулуди, Ромски Ресурсен Центар и Симплексис – Грција.

Пред присутните граѓани и претставници на граѓански организации беа презентирани клучните аспекти од пристапниот процес кон Европската Унија, важноста на реформите и улогата што ја имаат граѓанските организации и локалните институции во усогласување со европските вредности и стандарди. Во фокусот беше потенцирано значењето на активното вклучување на ромските и локалните организации преку учество во секторски работни групи.

Во рамки на интерактивната дискусија, учесниците ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат во соработката со институциите, како и можностите за подобра координација и поддршка во процесот на евроинтеграции.

Координаторката на проектот, Маргита Стојановиќ, во изјава за Дума.мк рече дека овие работилници имаат за цел да го засилат гласот на граѓанското општество особено на маргинализираните заедници во процесот на европската интеграција.

-Подобрувањето на дијалогот со локалните институции е клучен чекор за реално усогласување со европските вредности, но и за зголемување на довербата на граѓаните во процесот. Работилницата е дел од серија настани што се одржуваат во шест региони низ Северна Македонија, со цел поттикнување на дијалог и соработка меѓу граѓанскиот сектор и локалните институции, објасни Стојановиќ.

Работилницата заврши со заклучоци и предлози за идна соработка, проследени со неформално дружење.

Инаку, во рамки на настанот, беше поставен и јавен информативен штанд за промоција на вредностите на ЕУ, каде граѓаните добиваа флаери, се информираа преку директни разговори и имаа можност да дадат свое мислење преку интерактивна табла на прашањето: „Како изгледа мојата заедница во ЕУ?“

Настанот е дел од проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската Унија.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.