Годинава, 40 отсто помалку извршени семејни насилства во општина Велес во споредба со минатата година
Дваесет и шест пријави поднела полициската станица во Велес од граѓани, во единаесетте месеци на годинава, во кои пријавителите се жалеле и барале помош за семејно насилство.
Дванаесет од случаите се соочиле со загрозување на животот,десетмина биле изложени на здобиени телесни повреди со кои им било нарушено здравјето додека двајца со здобиени тешки телесни повреди. Двајца од пријавителите на семејно насилство откриле дека насилникот во физичката пресметка или караницата посегнал по оружје или опасно орудие со кое може да се нанесат тешки повреди по здравјето на жртвите.
Девет од пријавителите биле случаи во кои жртви биле мажи. Во останатите случаи жртви се 18 жени.
Поточно од вкупниот број во 7 случаи жртви се сопруги, во 3 се синови, во 2 се мајки, во 1 бил татко, во 3 се поранешни сопруги, во 2 биле поранешни сопрузи, во 3 се жени во вонбрачна заедница и во преостанатите 6 полициските службеници напишале „останати“.
Полицијата констатира дека споредбено со минатата, 2021 година, има намалување на бројот на извршени семејни насилства во Велес. Тогаш биле поднесени вкупно 57 кривични пријави за извршени 63 кривични дела во кои жртви биле 19 мажи и 50 жени од кои 1 сопруг, 19 сопруги, 4 синови, 6 мајки, 5 татковци, 8 поранешни сопруги, 2 мажи во вонбрачна заедница, 8 жени во вонбрачна заедница и 14 во категорија „останато“.
Убавка Јаневска