Градежен работник од Кавадарци паднал од покрив и потешко се повредил

Објавено на 13 јули, 2021 во 13:22

Градежениот  работник С.Ѓ (41) од кавадаречкото село Крњево, се здобил со потешки телесни повреди откако паднал од покрив на куќа што неговата фирма го обновувала. Работник паднал од висина од 2и пол метри  и бил пренесен во болницата во Кавадарци, каде му била укажана потребна медицинска помош.  

Немилиот настан се случил пред пет дена, на 9 јули 2021 година, околу 08:30 часот, додека во ОВР Кавадарци е пријавен, вчера, на 12 јули.

Според билтенот на СВР Велес, на лице место бил извршен увид од страна на екипа на ОВР Кавадарци четири дена откако работникот паднал.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.