Градоначалник Колев: „Зборот на мугрите на Рацин аманет е што не згаснува!“ (видео и фото)

Рациновиот Велес, деновиве, во чест на човекот што стана симбол на македонскиот идентитет и македонската интелектуална мисла домаќин е на 62 „Рацинови средби. Манифестацијата посветена на македонскиот најголем поет, револуционер, борец, филозоф, романтичар, виртуоз на пишаниот љубовен збор вчера вечер беше свечено отворена. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, ги прогласи за отворени годинешните средби порачувајќи Рациновите мугри да бидат поттик за сите на патот за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура, историја и традиција.
Беседа за Рацин на годинешните 62 Рацинови средби ја одржа Проф. д-р Венко Андоновски кој пренесувајќи го сопствениот поглед на творештвото на поетот рече дека Македонците имаат светска величина во Рацин. Најавувајќи го Тритомникот за Рацин, којшто ќе биде промовиран, в сабота на 14 јуни, Проф. д-р Андоновски пренесе поглед на поезијата на Рацин и поставувањето во европски контекст на македонскиот Бертол Брехт.


-Мислам дека е прередуцирана неговата рецепција на социјална рилика, аргати, експлоатација, што се е во ред. Меѓутоа Рацин е многу поширок во бунтот. Неговиот бунт против тоа што „човек на човека му ја пие крвта“, ѓто 50 милиони скапуваат во глад додека еден грст луѓе живее живот достоен за човека, тоа не е само бунт против сиромаштијата и експлоатацијата. Тој бунт јас го гледам како егзистенцијалистички и во Рацин го гледам камилениот побунет човек. Човек без вода може да живее седум, без храна 14 дена но без смисла ниту еден единствен миг. Рацин тоа ни го кажува. Тој целиот живот ја бараше смислата. Неговиот бунт е тоа што цел свет молчи пред неправди, ужаси, експлоатација и легализира систем бо кој што буквално „човек на човека му ја пие крвта“. Рацин се бунтува против таков свет кој што молчи, додаде Проф. д-р Андоновски.

На свеченоста, по соопштување на одлуката од страна на Проф. д-р Илија Велев, претседател на Жири комисијата за годинешната добитничка на престижната награда „Рациново признание“ на писателката Оливера Ќорвезироска за делото „Три Марии“ и беше врачено признанието од страна на градоначалникот Марко Колев и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Ќорвезироска се заблагодари велејќи:
Во чест на годинешната добитничка на наградата музичко поетски перформанс изведоа Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“. Исто така, низ омажот на вечерта посветена на Рацин, публиката во салата на Голема сцена на Театар „Џинот“ ја водеше актерот Васил Зафирчев додека изведбите на македонската и химната на град Велес беа на Хор „Свети Кирил и Методиј“ Велес.

Убавка Јаневска
