Градоначалникот Колев: Ги продолжив сите наследени и Општина Велес аплицираше осум проекти во првите 100 дена од мојот мандат

Објавено на 16 февруари, 2022 во 15:00

Модерен, европски пристап, воведени се во работата на општина Велес после подолг временски период и локалната самоуправа е повторно отворена за граѓаните, рече градоначалникот на Велес Марко Колев на почетокот на денешната прва прес конференцијата. Тој објави дека ја отворил општината за граѓаните со кои секоја среда остварувал средби. Меѓу првите, додаде, дека го реализирал своето изборно ветување за легализација во изминатите 100 дена кога ги потпишал првите 100 решенија на граѓани на Велес. Исто така, зголем бил и бројот на тимовите за работа на терен, со цел да бидат посетени граѓаните во нивните домови и да дадат услуги кои им се потребни на велешани.  

-Во изминатиот период работевме и на данокот на имот затоашто во општината има 6.000 предмети коишто беа закочени а граѓаните секојдневно доаѓаа во општината се со цел да добијат решенија и да си го платат данокот на имот. Во изминатиот временски период согласно временските услови,  асфалтиравме и бетониравме седум улици, реконструирани се водоводни мрежи на пет улици, реконструирани се фекални канализации на пет улици, направени се неколку потпорни ѕидови, потпишани се неколку договори за идни проекти, рече Колев.

Градоначалникот соопшти и дека два проекти општината ги подготвила во соработка со Центар за развој на вардарски плански регион.

-Ќе набавиме ново возило за противпожарната единица во Велес и ќе изградиме два патни правци во индустриска зона УЗУС. Со Европска Унија потпишавме договор за уредување на централното градско подрачје. Во период што следи ќе потпишеме уште два договори коишто ќе бидат многу значајни за граѓаните на општина Велес. Исто така, со Светска банка потпишавме грант за водовод на населеното место Сопот, и деновиве ќе избереме фирма којашто ќе почнеме активно да работи на решавање на оваа проблематика. Исто така, еден од главните приторитети беше хигиената во нашиот град. Сега по улиците на општина Велес не можат да се видат полни контејнери, хигиената е на повисоко ниво затоашто вработените во ЈКП „Дервен“ излегоа на терен. Се покажа сериозно раздвижување на терен, зеленилото е подобрено, се искрастрија голем број на дрвја и имаме сериозна програма која сакаме да ја реазлизираме во 2022 година се со цел да имаме поубав град, додаде Колев.

Давајќи отчет пред граѓаните за работата во првите 100 дена, градоначалникот, ги издвои и вложените  финансиски средства во делот на образованието поточно во ОУЈДГ „Димче Мирчев“ но и во основните и средни училишта. Тој исто така ги објави и аплицираните проекти на Општина Велес кај различни донатори. Станува збор за следниве проекти: Рехабилитација на дел од улица „АСНОМ“ и дел од улица „Андон Шурков“ вреден 5.497.227 денари,  Рехабилитација на дел од улица „8-ми март“ вреден 7.137.664 денари, потоа реконструкција на дел од улица „Лазо Осмаков“ вреден – 10.809.602 денари, реконструкција на дел од улица „Луј Пастер“ вреден 17.866.303 денари, реконструкција на дел од улица „Љубљанска“ вреден 6.871.780 денари, како и реконструкција на улица „Орце Мартинов“ вреден 5.050.467 денари, реконструкција на дел од улица „Живко Фирфов“ и дел од улица „Благој Ѓорев“ вреден 27.797.843 денари и реконструкција на улица „Алексо Демниевски – Бауман“ вреден 11.590.822 денари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.