Градоначалникот Колев го именува Златко Стојковски за нов в.д директор на ЈП „Парк спорт и паркинзи“- Дума.мк го праша Стојковски кој е предизвикот ?

Објавено: 27 јануари, 2026, во 16:00 часот
Фото: Златко Стојковски

Триесет и осум годишниот Златко Стојковски дипл. професор по физичко образование на Факултет за физичка култура и здравствено образование при УКИМ, во генерацијата 2011 година и една година подоцна, дипломиран тренер по ракомет е именуван за нов в.д директор на ЈП „Парк спорт и паркинзи“. Градоначалникот Марко Колев го именувал вчера Стојковски за нов в.д директор.

Во професионалното портфолио на Стојковски пишува дека почнал да предава физичко образование пред 10 години во ООУ „Даме Груев“ во Градско по што две години бил професор и во Спортска академија на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес.  Исто така, тој игра ракометар за РК „Борец“  а потоа е и тренер на велешкиот ракометен клуб, прво на младинскиот а потоа, на сениорски тим. Стојковски бил ангажиран и во Школата за ракомет на Кире Лазаров. Последен негов проект е „Ракомет за секое дете“ кој што се реализираше во Велес и во Скопје.

На прашањето на Дума.мк кој е главниот предизвик за прифаќање на раководната функција во ЈП „Парк спорт и паркинзи“, Стојковски рече:

-По професорската работа и образованието на децата како и спортската кариера, како ракометар а потоа и тренер, за нов животен предизвик го сметам придонесот во подобрување на условите за спортување во спортската сала „Гемиџии“. Очекувам да се обезбедат со рекострукцијата на овој најголем велешки спортски објект од електричната и водоводна инсталација преку соблекувалните и особено со подлогата на теренот. Ако успееме во целост да го реализираме се ова што го кажав тогаш како за младите така и за возрасните сограѓани ќе се создадат поквалитетни услови за професионално или рекреативно спортување.“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.