Земјоделскиот комбинат Вардар – Градско ќе отвори сирењара!

Објавено на 27 декември, 2012 во 09:43

Уште еден земјоделски бизнис,наскоро, ќе промовира овој комбинат.

Станува збор за фабриката за производство на традиционално македонско сирење.

Подготовките за отворањето на производствениот погон се при крај, а отворањето на сирењарата треба да случи наскоро.

Менаџерите на ЗК Вардар – Градско, го скенирале американскиот пазар каде ќе се пласира традиционалното сирење.

Земјоделскиот комбинат „Вардар“ од Градско располага со 5.592 хектари земјиште, лозови насади, овоштарници, оранжерии и на над 3.000 грла овци, а поседува и  пасишта во Малореканскиот регион.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.