Земјоделскиот комбинат Вардар – Градско ќе отвори сирењара!
Објавено на 27 декември, 2012 во 09:43
Уште еден земјоделски бизнис,наскоро, ќе промовира овој комбинат.
Станува збор за фабриката за производство на традиционално македонско сирење.
Подготовките за отворањето на производствениот погон се при крај, а отворањето на сирењарата треба да случи наскоро.
Менаџерите на ЗК Вардар – Градско, го скенирале американскиот пазар каде ќе се пласира традиционалното сирење.
Земјоделскиот комбинат „Вардар“ од Градско располага со 5.592 хектари земјиште, лозови насади, овоштарници, оранжерии и на над 3.000 грла овци, а поседува и пасишта во Малореканскиот регион.