Голем интерес за прв човек на Градско!

Објавено на 9 март, 2013 во 12:15

Четворица кандидати за градоначалник ќе учествуваат во трката за освојување на довербата од граѓаните за прв човек на општина Градско.

Од коалицијата “За подобра Македонија“ довербата ќе ја побара д-р Жанета Чаушевска, од “Сојузот за иднината“ Љупче Саздов, Перо Кузманов ќе трча во дресот  на СДУ, а Павлина Најдова од Социјал демократската партија на Македонија.

Од општинската изборна комисија Градско бевме информирани дека до последниот законски рок, до полноќ, биле доставени кандидатските листи на опозицијата за градоначалник и советничката листа. Листата на “Сојузот за иднината“ ја предводи Маја Милосављевиќ, а на ВМРО-ДПМНЕ Ванчо Цветков. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.