Голем интерес за прв човек на Градско!
Објавено на 9 март, 2013 во 12:15
Четворица кандидати за градоначалник ќе учествуваат во трката за освојување на довербата од граѓаните за прв човек на општина Градско.
Од коалицијата “За подобра Македонија“ довербата ќе ја побара д-р Жанета Чаушевска, од “Сојузот за иднината“ Љупче Саздов, Перо Кузманов ќе трча во дресот на СДУ, а Павлина Најдова од Социјал демократската партија на Македонија.
Од општинската изборна комисија Градско бевме информирани дека до последниот законски рок, до полноќ, биле доставени кандидатските листи на опозицијата за градоначалник и советничката листа. Листата на “Сојузот за иднината“ ја предводи Маја Милосављевиќ, а на ВМРО-ДПМНЕ Ванчо Цветков. / А.Д