Доградени нови простории во градинката во Градско

Објавено на 8 февруари, 2019 во 15:18

gradinka Gradsko

Градинката во Градско сега располага со повеќе простории. Таму беа изградени занимална, канцеларија за персоналот и трепезарија. Со оваа доградба се ствараат услови за прием на нови дечиња, вели градоначалникот Роберт Бешовски. Денеска во посета на општината беше амбасадорот на Полска Војциех Тицињски. Амбасадата додели грант за опремување на градинката.

beshovskiiambasadorotnaPolska fin

„ Општина Градско пред една година отпочна со реализација на стратегијата за подобрување  на условите за работи и претстој на децата и вработените во градинката „Кокичиња“. Со првиот дел опфативме нова доградба на градинката,  со што добивме 150 м нова површина, нова занимална трепезарија и канцеларија за вработените. Вториот дел опфати реконструцкија на стариот дел со кој што напрвивме внатрешно уредување, промена на покривната конструкција и уредување на кујната“ инфомрира градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски.

Тој најави дека со министерството за труд и социјална политика прават напори градинката да стане посебен правен субјект и да продолжи да работи во склоп на општината, а не како досега во рамки на велешката градинка „Димче Мирчев“.

beshovskivogradinka fin

Градинката ја посети амбасадорот на Полска Војциех Тицињски, кој искажа задоволство од одличната соработка која ја имаат Македонија и Полска, а посебно рече дека е горд што нивната амбасада додели грант за помош на најмладите.

„Помошта за малите деца е најдобра. Оваа помош е за целото локално население, посебно за овие мали деца. Финансиравме купување на опрема и едукативни материјали за градинката, за да се подобри предучилишното бразование“ рече амбасадорот./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.