Градско доби отворена сензорна градина

Објавено на 27 јуни, 2019 во 05:41

Gradskosenzornagradina1

Во дворот на градинката и основното училиште „Даме Груев“ во Градско е отворена сензорна градина. Таа е прва од ваков вид во основно училиште во Македонија. Oваа градина е наменета за зголемување на сетилните вештини и психомоториката кај децата од предучилишна возраст па сé до периодот на адолесценција.

Сензорната градина претставува еден вид училница на отворено која што овозможува стимулација од широк спектар на сите сетила и е особено корисна за децата со посебни потреби.

Gradskosenzornagradinadeca1

Акцијата беше иницирана и реализирана од Катерина Димова и Теодора Јованова, студентки на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Економскиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, жителки на општина Градско, во соработка со тимот на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација (ЦСИД) од Скопје. Уредувањето на теренот за изградба на сензорната градина го помогна и Општина Градско. Во иницијативата се вклучи и основното училиште.

Gradskosenzornagradinadeca

Градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски, на свеченото отворање, рече дека општината со голем предизвик ја поддржа иницијативата и со сите сили, финансиски и логистички, заедно со директорката на училиштето „Даме Груев“, Ленче Стојанова, помогнаа да се реализира сензорната градина. Бешовски изрази задоволство што токму во Општина Градско е отворен ваков тип на училница од отворен тип прва во државата.

GradskosenzornagradinaBeshovski

-Градината е наменета на децата со типичен развој за поттикнување на нивните сетила, нивниот развој, но ќе биде и од голема полза за децата со атипичен развој за созревање на личните способности, надградба на физичките вештини и овозможување на широк спектар на сетилни искуства за подобра стимулација, додаде градоначалникот Бешовски.

Gradskosenzornagradina3

Акцијата „Активни граѓани за добро владеење“ на Форум ЦСИД од Скопје е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.