Се чистеа улиците од снег во Градско и локалните патишта во општината
Објавено на 14 февруари, 2021 во 18:14
14.02.2021
Општина Градско и ЈКП Клепа денска работеа на расчистување на снегот, фрлање на сол и песок на улиците во населба Градско и на локалните патишта кон сите населени места со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот.
-Се расчистуваше и локалниот пат кон селата Водоврати, Долно Чичево, Горно Чичево и манастир Св.Архангел Михаил, Подлес, Кочилари, Ногаевци и Виничани. И покрај расчистените патни правци граѓаните да возат внимателно , апелира Градоначалникот Роберт Бешовски.
Тој додаде дека доколку граѓаните имаат потреба од итна помош да се јават на општинскиот телефонски број 071 261 200.
Убавка Јаневска
