Повредени мигранти во сообраќајка на излезот кај Градско
09.04.2021
Сообраќајната незгода се случила утринава околу 06:00 часот на излезот од Градско, во коешто српски државјанин нелегално превезувајќи мигранти изгубил контрола врз возилото марка „мерцедес“ со српски регистарски таблички. Имено кај клучка Демир Капија, возилото било забележано од страна на полициски службеници и на даден знак за сопирање возилото ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино и потоа кон Градско.
Покрај возачот во несреќата се повредени четворица од вкупно отркиените 12 мигранти на кои лекарска помош им е укажана во Општа болница Велес. Според потпаролот на Општа болница Велес, д-р Елеонора Јованова, прво на хирушкото одделение биле донесени двајца пациенти за подоцна да бидат транспортирани уште тројца, од кои еден е српски државјанин, од страна на Инта Медицинска помош.
По направени медицински прегледи и испитувања лекарите хирурзи константирале лесни повреди по што се испишани од болницата.
Потоа, полициски службеници од Регионален центар Југ – Полициска станица за граничен надзор Михајлово во координација со ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Република Србија исто како и Ј.А од Прешево, којшто бил претходница на возилото за нелегалнен транспорт на мигрантите.
За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева
