За половина час се очекува да биде пуштен патот Кавадарци – Прилеп
Објавено на 17 јуни, 2023 во 14:10

Водите на Раечка река се повлечени во речното корито. Екипи на ЈП за оджување и заштита на магистрални и регионални патишта работат на отстранување на наносите од земја, камења и слично на патот.
„Се очекува за максимум половина час патниот правец Кавадарци – Прилеп да биде пуштен во сообраќај,“ соопштија од Републички Центар за управување со кризи.
Дума.мк
