Граѓаните можат да испитуваат антитела во крв и во велешкиот Центар за јавно здравје
Центратор за јавно здравје Велес, работи анализи за присуство на антитела од класата IgМ и IgG за да се утврди дали граѓаните биле изложени и заразени со овој вирус и дали развиле заштита на имунолошкиот систем. Лабораториската анализата IgM со која граѓаните што прележале ковид во полесна форма, во домашни услови, дава резултати за присуството на развиената количина на антитела. Таа анализа првично се прави во првата или втората недела на болеста и може да се повтори по два до три месеци. Ако во процесот на лекувањето анализата е бесплатна, повторното проверување на антитела се наплаќа 800 денари. Иста е цената и за анализата IgG, со којашто граѓаните можат да проверат количина на развиени антитела по примена втора доза на вакцина.
-Анализите се прават во микробиолошката лабораторија во Центар за јавно здравје во Велес. Резултатите стигнуваат истиот ден кога се зема крв за проверка на антителата од самите граѓани или најдоцна за 24 часа. За разлика од испитувањето на антителата во текот на процесот на лекување кога анализите се бесплатни согласно насоките на Комисија за заразни болести и Министерство за здравство, кои за единствени анализи кои треба да се користат во рамките на процесот на дијагностика на SARS-CoV-2 се PCR тестот и брзиот антигенски тест , поточно детекција на антигени, овие анализи за детекција на антитела се наплатуваат. Цената е одредена од страна на министерството за здравство. Дневно во нашата лабораторија во просек се изработуваат од 15 до 20 примероци на ваков вид на анализи, рече директорката Д-р Весна Николовска Неделкова.
Засега, велешани кои знаат дека овој Центар изработува ваков вид на анализи нив ги прават во градот. Но постојат и граѓани кои не знаат за овој вид на услуги на јавната здравствена установа и истите ги прават најчесто во приватни лаборатории во Скопје. Според инфомрациите што Дума.мк ги дозна во скопските приватни лаборатории тие се за 400 и повеќе денари поскапи во однос на цените на велешкиот Центар за јавно здравје.
Убавка Јаневска