Хуманоста потврдена и од средношколци и од вработени во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес

Објавено на 15 ноември, 2023 во 14:26

Осумнаесет крвни единици се дарувани денеска во рамки на традиционалната крводарителска акција во ова средно училиште. Крвните единици ги даруваа ученици и вработени од кои поголем дел од нив за прв пат. Со дарувањето на крв тие веќе се дел од најхуманото семејство во Македонија.

Повод за крводарителската акција е патрониот празник на училиштето.

„Организатори на крводарителската акција се Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина. Во реализацијата учествуваа и двајца волонтери од Клубот на млади,“ рече Орце Николов секретар на велешки Црвен Крст.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.