ИН МЕМОРИАМ: Пензиониран обвинител Ѓорѓи Јаковлевски 1946 – 2024
На 78 годишна возраст, во Велес, на 12 декември, годинава, почина Ѓорѓи Јаковлевски дипломиран правник и пензиониран Јавен обвинител на Основното јавно обвнителство во Велес. Јаковлевски на оваа функција беше избран по13 годишна работа како заменик Јавен Обвинител во велешкото јавно обвинителство, поточно во периодот од 1974 до 1987 година. Во неговата работна биографија се запишани и останати високи функции коишто ги извршуваше во поранешното општествено уредување. Јаковлевски беше секретар на Народна одбрана и член на Извршен совет на Општина Титов Велес (1986 – 1990). Исто така беше и љубител на спортот особено на одбојката и Претседател на Одбојкарски клуб „Борец“.
Ѓорѓи Јаковлевски беше добар соговорник на новинарите на различни теми и особено поврзани со правото и правдата.
Тој беше сопруг и татко на два сина, како и дедо на пет внуци.
Посмртните останки и огребувањето на Ѓорѓи Јаковлевски ќе бидат изложени во капелата на новите гробишта во Раштани, денеска, сабота 14 декември 2024 година, во 13:00 часот.
Почивај во мир и вечна слава Обвинителе!
Дума.мк