Исчезната кочанчанка пронајдена по половина година во неготинско Тимјаник
Објавено: 2 септември, 2021, во 15:13 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека полициски службеници од Полициска станица Неготино, на 31 август, вторник, во село Тимјаник, неготинско ја пронашле седумнаесет годишната Т.П од Кочани.
Нејзината мајка на 24 февруари, годинава, пријавила дека Т.П (17) се оддалечила од својот дом.
После половина година Т.П е предадена на нејзиното семејство.
Стефани Манева


