Исчистени диви депонии на повеќе локации во Велес
Објавено на 1 март, 2022 во 13:46
Вработените од Јавно комунално претпријатие „Дервен“, утрово, ја исчистиле дивата депонија којашто била создадена од страна на несовени грѓани на улица „Димитар Влахов“ , позади скопскиот импрес.
По пријава на граѓанин во текот на вчерашниот ден, била исчистена и дива депонија на улица Киро Ќучук број 41.
Исто така, исчистена е и дива депонија во населба Дворови на улица Благој Нечев, веднаш до трансформаторот на ЕВН. На оваа локација вработените од комуналното претпријатие успеале да соберат 6м3 смет и гранки.
За жал, оваа глетка е многу честа во градот и отпад е расфрлан на повеќе локации. Вработените од комуналното претпријатие се постојано на терен. Но, за градот да биде чист, потребна е соработка од страна на граѓаните.
Стефани Манева