Издумани Крлевизми:„Сончогледи, секој ден не е сончев!“

Објавено: 9 јануари, 2026, во 14:29 часот
Фото: Атанас Крлевски

Десетте најнови афоризми на Атанас Крлевски испраќаат пораки за случки од секојдневниот живот на обичниот, мал човек а дел се наменети и за нешто поголемите но, не според личната висина, тежина, изглед итн. Прочитајте, ќе ви „текне“:

„Ние градевме кули на плажа, а нашите синови – покрај плажа!“

„Вечен талент – чиста загуба!“

„Откако ја пронајдов жената на моите соништа, сон не ме фаќа.“

„Сончогледи, секој ден не е сончев!“

„Неискрените одговори ги примам со искри. Ги горам!“

„Ако си залутал, опасно е да стигнеш далеку.“

„Бидете често пред огледалото! Тоа е најдобриот психолог.“

„Кој знае сѐ – не знае ништо!“

„Најмногу учам од добрите книги и лошите луѓе!“

„Вештачка интелигенција? Природно си е природно!“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.