Измамен велешанец и негов син, повеќе пати, од лажен полициски инспектор
Објавено: 2 април, 2026, во 14:02 часот
60-годишен велешанец, вчера, во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал минатата година, во декември 2025 годинаво Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје.
-Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати. На договореното место наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лице од Скопје, кој го довел во заблуда, му го дал пакетот и му ги земал парите. Исто така истото лице, во два наврати, го измамило и неговиот син, а од пред извесен период ја прекинало комуникацијата со нив, по што сфатил дека бил измамен, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Убавка Јаневска




