Извршени претреси на повеќе локации во Велес во координирана акција на БЈБ за спречување на нелегална трговија со дрога

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес денеска спровеле заедничка и координирана истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29 ноември, минатата година, за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица.
„Како дел од истрагата, денеска,11јуни 2025, со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко. Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата. станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес.
За време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Исто така, во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик,“ соопшти Министерство за внатрешни работи.
Убавка Јаневска
