Јаковлевски: Општината вработи нова администрација а ги намали платите на работниците на ЈКП „Дервен“

Општина Велес ги намалувала платите на работниците во ЈКП „Дервен“ на сметка на вработување на нови административци. Ова го соопшти членот на Советот на Општина Велес од СДСМ, Тодор Јаковлевски. Советничката група на СДСМ тврди дека се ова случувало во моменти на најголема светска економска криза, но и во услови кога македонската Влада ги покачувала платите се со цел да им помогнела на граѓаните за полесно справување со економските проблеми. Освен минималната плата следствено покачела била и просечната плата којашто според Јаковлевски достигнала историски гледано највисоко ниво.
-Во моменти кога и пензиите исто така растат, локалната власт предводена од Марко Колев и ДПМНЕ на вчерашната седница на Совет на Општина Велес го укина ноќното собирање на комунален отпад. Со оваа постапка, покрај тоа што ќе се зголеми сообраќајниот хаос, особено на повисоките места во градот, затоа што комуналниот отпад ќе се собира во денските часови, ќе се намали и платата за 4000 до 5000 денари на најранливите категории на граѓани коишто се вработени во ЈКП „Дервен“ и кои досега одговорно се грижеа за чистотата и хигиената во градот, додаде Јаковлевски.
Тој до градоначалникот Марко Колев и Општина Велес постави прашање, дали со укинувањето на ноќното собирање на сметот свесно се намалуваат платите на работниците на спроти ново вработените административци во ЈКП „Дервен“.
-Дали обезбедувањето на плати за нови вработувања на администрација во „Дервен“ е позначајна и од неминовното зголемување на сообраќајниот хаос во Велес и покрај ветувањата во предизборието дека ова ќе биде приоритет на новиот градоначалник, прашаше Јаковлевски.
Според советникот Јаковлевски, очигледна била безидејноста на ВМРО ДПМНЕ, досега се фалеле со проекти добиени од времето кога Општина Велес била раководена од кадри на СДСМ.
Стефани Манева
