ЈКП „Дервен“ соопшти дека нема ново скверневење на гробни места во Велес, туку дека пријавата е задоцнета
Објавено на 16 февруари, 2022 во 15:25
По објавата на информација поврзана со скверневење на ново гробно место во црква „Свети Спас“, јавното комунално претпријатие „Дервен“ испрати став во којшто соопштува дека не станувало збор за нов случај туку дека сопствениците на гробното место го забележале раскопаниот гроб еден месец подоцна.
-Случајот не е нов. Се случил пред околу еден месец кога имаше пријавено дека на неколку гробни места непознати сторители ја раскопале земјата. За случајот објавен денеска, сопствениците на гробните места забележале еден месец подоцна и пријавиле во полиција, пишува во ставот на ЈКП „Дервен“.
Оттаму додаваат дека е засилена контролата на гробиштата од страна на чуварската служба на ЈКП „Дервен“ и полицијата.
Стефани Манева