Кај наплатна рампа Демир Капија, пронајдени илегални мигранти во возило
Полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, вчера, во 19:30 часот, на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна рампа Демир Капија, го лишиле од слобода педесет и три годишниот Љ.Ѓ од Скопје.
– При преглед на патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ, биле пронајдени четири илегални мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ. Мигранти биле сместени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева