Кај тројца велешани пронајдени бела прашкаста материја и марихуана

Објавено на 11 август, 2022 во 10:37

Полициски службеници од Одделот за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 10:30 часот ги лишеле од слобода дваесет и шест годишниот К.Г и две години постариот К.В од Велес.  Кај нив двајца било пронајдено и одземено едно капување со бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица Велес.

Истиот ден, во 21:25 часот бил лишен од слобода и дваесет годишниот велешанец  А.М кај кого била пронајдена и одземена марихуана.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на двата случаи против нив ќе следи соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.