Кај велешанец пронајдена марихуана
Објавено на 4 ноември, 2021 во 12:02
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, 3 ноември, десет минути по полноќ, го лишеле од слобода четириесет годишниот Н.Ќ од Велес кај кого била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Стефани Манева