Кај велешанец пронајдена марихуана додека тој физички нападнал полицаец
Објавено на 18 ноември, 2022 во 10:50
Дваесет и четири годишниот Д.М од Велес бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Свети Николе. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. При приведувањето Д.М физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека велешанецот бил приведен во средата, на 16 ноември, во 22:50 часот во село Лозово, светиниколско.
По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк