Кај „Ветерско“ во Велес лишен од слобода маж баран со три централни и две меѓународни потерници

Објавено на 8 ноември, 2023 во 10:51

Полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, на местото викано „Ветерско“ во Велес, го лишеле од слобода триесет и шест годишниот Ќ.Н од село Сингелиќ, скопско.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за повеќе извршени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.

Лицето било приведено во Сектор за внатрешни работи Велес по што било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.