Кавадарчанец физички ја нападнал својата баба и ѝ нанел тешки телесни повреди
Објавено на 8 април, 2025 во 12:43

Дваесет и четири годишниот Н.Д од Кавадарци, вчера во 20:30 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бидејќи во семејниот дом физички ја нападнал својата 75 годишна баба со што и нанел тешки телесни повреди констатирани во кавадаречката болница.
Од СВР Велес дополнуваат дека Н.Д бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
