Кавадарчанец ја сменил бравата во домот и не и дозволувал на сопругата да влезе
Објавено на 21 февруари, 2024 во 13:23
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и девет годишниот Ќ.М по претходна пријава од неговата десет години помлада сопруга.
-Според пријавеното Ќ.М ја заменил бравата од влезната врата во семејниот дом и не и дозволувал да влезе, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање
на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк